Душан Томовски
Душан Томовски (Дебар, 16 август 1925 - Чикаго, 18 октомври 1979) — македонски преведувач, професор [1].
Душан Томовски | ||
Роден | 16 август 1925 Дебар , Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 18 октомври 1979 Чикаго, САД | |
Националност | Македонец | |
Занимање | преведувач, професор |
Животопис
уредиДипломирал на четири групи на Филозофски факултет Скопје: физика, германски јазик и литература, француски јазик и литература, англиски јазик и литература.
Работел како професор на Филозофскиот факултет (шеф на Катедрата за германски јазик и книжевност).
Творештво
уредиНегови најзначајни преводи биле:
- „Фауст “ од Гете (прв дел, 1977, втор дел, 1978;
- „Малечката Фадета “ од Ж. Санд (1963);
- „Песна за Нибелунзите “ (1979);
- Дуински елегии / Сонети за Орфеј од Р. М. Рилке (1983).
Ги превел и антологиите:
- Современи германски раскази (1976, со Р. Грчева);
- Германска поезија на 20 век (1978)
- Австриска поезија на 20 век (1982, со Р. Грчева).
Посмртно бил одликуван со високото германско признание „Гетеов медал “.