Душан Велковски

(Пренасочено од Душан Белковски)

Душан Панков Велковски ( 1923 во Глуво, Скопско1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во периодот, кога балистичките банди навлегле во Скопска Црна Гора и кога над Глуво се нависнала опасноста да биде опустошено[1] и се приклучил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во голем број борби против балистите и Германците. Иако се борел во голем број акции, непријателскиот куршум не го погодил. Душан загинува несреќно, од куршумот на својот соборец при чистење на оружјето. Бил закопан на селските гробишта во Глуво.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 182. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 48. ISBN 9989-35-022-1.