Дунсијански јазик
Дунсијанскиот, исто така познат како санта (东乡语), е монголски јазик кој се зборува во Кина, во покраината Гансу, од народот Дунсијани.
Дунсијански јазик | |
---|---|
Santa | |
Застапен во | Кина |
Подрачје | покраина Гансу[1] |
Говорници | 200,000 (2007 г.) |
Јазично семејство | монголски
|
Писмо | арапско писмо, латиница |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | sce |
Фонологија
уредиЈазикот нема самогласна хармонија ниту пак должина на самогласки.
Граматика
уредиЗаедничко со останатите монголски јазици е тоа што дунсијанскиот има зборовен редослед од подмет-предмет-прирок. Се забележува и промена на зборовниот редослед во подмет-прирок-предмет како влијание од кинескиот.[2]
Писмо
уредиПознавањето на арапскиот јазик меѓу народот е застапено на повисоко ниво и поради тоа често тие користат арапско писмо и за својот јазик. Официјално писмо за јазикот е латиницата, кое се заснова на латиницата која се користи за монгорскиот јазик, но сепак е во експериментална фаза.[3]
Примери
уредимакедонски | класичен монголски | дунсијански | |
1 | еден | Nigen | Niy |
2 | два | Qoyar | Ghua |
3 | три | Ghurban | Ghuran |
4 | четири | Dorben | Jierang |
5 | пет | Tabun | Tawun |
6 | шест | Jirghughan | Jirghun |
7 | седум | Dologhan | Dolon |
8 | осум | Naiman | Naiman |
9 | девет | Yisun | Yysun |
10 | десет | Arban | Haron |
Наводи
уредиЛитература
уреди- Kim, Stephen S. (2003), „Santa“, Во Janhunen, Juha (уред.), The Mongolic Languages, Routledge Language Family Series, стр. 346–363, ISBN 0-203-98791-8
- 包萨仁/Bao Saren (2006), „从语言接触看东乡语和临夏话的语序变化/Sequential Changes in Dongxiang Language and Linxia Dialects from the View of Linguistic Contact“, Journal of the Second Northwest University for Nationalities (Social Science Edition) (2), ISSN 1008-2883, Архивирано од изворникот на 2011-07-13, Посетено на 2009-04-13
Дополнителни информации
уреди- Field, Kenneth Lynn (1997), A grammatical overview of Santa Mongolian, PhD dissertation, University of California, Santa Barbara
- 马国忠/Ma Guozhong (2001), 东乡语汉语词典/Dongxiang-Chinese Dictionary, Lanzhou: 甘肃民族出版社/Gansu Nationalities Publishing House, ISBN 7-5421-0767-4
- Üjiyediin Chuluu (Chaolu Wu) (November 1994). „Introduction, Grammar, and Sample Sentences for Dongxiang“ (PDF). SINO-PLATONIC PAPERS. Department of East Asian Languages and Civilizations, University of Pennsylvania, Philadelphia, USA.
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзана со алтајските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |