Дубиоза колектив
Дубиоза колектив (босански: Dubioza kolektiv) или познат едноставно како Дубиоза/Dubioza — босанска музичка група, основана во 2003 година во Зеница, Босна и Херцеговина. Нивната музика е мешавина од реге, даб, алтернативен рок, ска и хип-хоп, а нивните текстови се со силни социјални и политички пораки. Во текот на својата кариера бендот има издадено 5 студиски албуми и 1 ЕП.
Дубиоза колектив | |
---|---|
Dubioza kolektiv, 2023 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Дубиоза |
Потекло | Зеница, Сараево Босна и Херцеговина |
Жанрови | Реге Даб Алтернативен рок Ска Хип Хоп |
Период на активност | 2003–денес |
Издавачи | Грамофон Екипа |
Мреж. место | http://www.dubioza.org |
Членови | |
Адис Звекиќ Алмир Хасанбеговиќ Ведран Мујагиќ Бранко Јакубовиќ Сенад Шута Армин Бушталиќ Марио Шеварац | |
Поранешни членови | |
Адиса Звекиќ Алан Хајдук Емир Алиќ Орхан Масло - Оха |
Историја
уредиБендот е основан во 2003 година од страна на поранешните членови на бендот Gluho doba against Def Age од Зеница,водечкие вокали, Адис Звекиќ и Алмир Хасанбеговиќ на кои им се приклучуваат поранешните членови на сараевскиот бенд Орнаменти, бас гитаристот Ведран Мујагиќ и тонскиот инженер, DJ и клавијатурист Бранко Јакубовиќ , а подоцна во бендот се вклучуваат и гитаристот Армин Бушталиќ кој е поранешен член на бендовите SCH, Beastly Stroke, тапанарот Сенад Шута,перкусионистот Орхан Масло - Оха и во 2011 година саксофонистот Марио Шеварац.
Бендот го издава својот прв студиски албум наречен Дубиоза Колектив во април 2004 година, а истата година во декември месец во заедничка соработка со Бенџамин Зепанија и Муш Хан членови на пакистанско - британскиот даб музички состав Fun-da-mental, го издаваат своето прво EП, Open Wide.
Во Јуни 2006 година го издаваат својот втор студиски албум за издавачката куќа Грамофон наречен Dubmamite на кој гостуваат францускиот артист Niköll (Nicolas Cante) и бендот Defence од Тузла.Во 2008 година бендот го снима својот прв студиски албум на босански јазик-Firma Ilegal, a дотогаш снимаат исклучиво на англиски јазик.На 12 Април 2010 година го издаваат претпоследниот албум 5 do 12 кој за сите обожаватели е поставен на нивното мрежно место за бесплатни симнувања кои достигнаа бројка преку 200,000 побарувања.Последниот албум на бендот Wild Wild East е издаден во 2011 година и предизвикува голема заинтересираност кај публиката низ Европа пред сè заради добрите критики, измешаните стилови на музика интересните текстови напишани и изведени на англиски јазик.