Дрвени играчки од Хрватско Загорје
Дрвена играчки од Хрватското Загорје – традиционален хрватски производ која се појавил во 19 век во Загорје.
Дрвени играчки од Хрватско Загорје | |
---|---|
Традиционална играчка | |
Поврзница | 233 |
Област | Европа и Северна Америка |
Историја на впишувањето | |
Впишување | 2009 (4-та сесија) |
Изработката почнала во 19 век и се задржала до денешни дни во селата од општините Марија Бистрица и Горна Стубица. Средишта на изработката се во местата Бистрички Лаз, Стубички Лаз, Горна Стубица, Марија Бистрица, Тугоница и Турнишќе [1]. Постојат околу 50 модели играчки како свиралки, штракала (птица на тркалца која се турка на стап), тамбурици, дрвени животни, најчесто коњчиња, свирчиња, модели автомобили, камиони, возови, авиони, дечки мебел за кукли итн.
Карактеристично е дека рачно ги изработуваат мажите, а повеќето ги украсуваат жените. Никогаш не можат две да бидат во целост еднакви бидејќи рачно се изработуваат [2]. Играчките се изработуваат од дрва од непосредната околина, врба, јавор, бука и липа. Дрвото се сече, суши, дела, реже и обликува со помош на дрвени и картонски шаблони. Најчести бои се црвената, сината, белата и црната. Се украсуваат со цветни и геометриски примероци. Начинот на изработка се пренесувал во одредени семејства од генерација на генерација и се задржал до денес.
Играчките се продаваат на панаѓури, црковни свечености, а најмногу во црквата во Марија Бистрица. Се чуваат и во музеи. Се наоѓаат на Списокот на заштитени нематеријални добра во Регистарот на културни добра на Република Хрватска и од 2009 година, на пописот на нематеријални добра впишани во претставителниот список на нематеријално светско наследство во Европа на УНЕСКО[3][4]. Центарот за традиционални вредности занаети во Кумровец се грижи за овие традиционални играчки.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Jutarnji list Zagreb, 14. veljače 2009.
- ↑ UMIJEĆE IZRADE DRVENIH TRADICIJSKIH DJEČJIH IGRAČAKA S PODRUČJA HRVATSKOG ZAGORJA na stranicama Ministarstva kulture Republike Hrvatske
- ↑ http://www.min-kulture.hr/default.aspx?id=5220
- ↑ Opis nematerijalne svjetske baštine na službenim stranicama UNESCO-a (англиски)
Надворешни врски
уреди- Video na kultura.hr
- Hrvatska prva u Europi business.hr
- Mislava Bišćan, Katarina Varenica, razgovor s Iris Biškupić Bašić: Tradicijske igračke Hrvatskog zagorja - više od suvenira, Emisija Kulturni biseri Hrvatske na Hrvatskome katoličkom radiju. Hrvatska katolička mreža. 23. kolovoza 2019.