Драгославеле
Драгославеле (романски: Dragoslavele) — општина во округот Арџеш во јужна Романија, во која живеат 2.549 жители. Општината се наоѓа во Влашка, на самата граница со Трансилванија. Местото е значајно и поради големиот број на пансиони, кои се наоѓаат во него, со што претставува важна попатна станица во регионот.
Драгославеле | |
---|---|
општина | |
Мавзолеј во Драгославеле | |
Координати: 45°21′N 25°10′E / 45.350° СГШ; 25.167° ИГД | |
Држава | Романија |
Арџеш | Арџеш |
Население (2002)[1] | 2.549 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиДрагославеле се наоѓа на падините на Јужните Карпати, на брегот на реката Дембовица.
Историја
уредиУште од средниот век, па сè до 1914, местото било значајна точка на границата меѓу Влашка и Хабсбуршката монархија (по 1867, Австроунгарија). За време на Првата светска војна, поточно во октомври 1916, околината на Драгославеле била поле на крвави борби меѓу романската и германската војска.
Наводи
уредиОваа статија поврзана со Романија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |