Дојрански амам

поранешен амам во Стар Дојран

Дојрански амам — поранешен амам во селото Стар Дојран. Прогласен е за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]

Дојрански амам
Амамот по реставрацијата во 2023 г.
Карта
Општи податоци
Статусобновена
Видамам
Стилосманлиски
Градс. Стар Дојран
ЗемјаМакедонија
Координати41°11′10″N 22°43′8″E / 41.18611° СГШ; 22.71889° ИГД / 41.18611; 22.71889
Надм. височина180 м.
Обновена5 ноември 2021
Уништена1916 г.

Местоположба

уреди

Амамот се наоѓа на рид над Дојранското Езеро, каде што некогаш се наоѓала горната Турска чаршија, во близина на саат-кулата. Денес, до нејзе води улицата „Никола Карев“ и е сместен меѓу куќи.[3]

Градба

уреди

Бањата е поделена на два дела — машки и женски. Се снабдувал со вода преку керамички цевки од место на 2 километри западно од Дојран. Се греела во посебна просторија и оттаму течела во чешмите.[4]

Историја

уреди

Амамот не се знае кога е подигнат, но се говори дека работела секој ден до 1916 година кога била разрушена.[3]

Срушена е заедно со поголемиот дел од стариот град Дојран во 1916 година за време на Првата светска војна.[4] Денес, останал само дел од неа.

Конзервација

уреди

Во 2020 година, Општина Дојран го најавила проектот за реконструкција на стариот амам и Саат-кулата, финансиран од Европската Унија. Изградбата започнала во 2021 година и на 5 Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, амамот бил пуштен во употреба.[5]

Амамот бил вратен во првобитната состојба и бил поврзан со патеки со самата саат-кула.[6]

Сепак, состојбата од 2023 година покажува неуреден терен околу самиот амам.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Градска Бања - Амам“. Општина Дојран. Архивирано од изворникот на 2017-08-23. Посетено на 23 август 2017.
  3. 3,0 3,1 „Градски амам – Дојран“. МАРХ. Посетено на 2024-05-02.
  4. 4,0 4,1 „Градски амам, Дојран“. Дигитална култура за регионална кохезиjа. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 22 август 2017.
  5. „Саат кула – Дојран / 1372, 2021 год“. МАРХ. Посетено на 2024-05-02.
  6. „РЕСТАВРИРАНИ И ОТВОРЕНИ ЗА ПОСЕТА ТУРСКАТА БАЊА И СААТ КУЛАТА ВО ДОЈРАН СРУШЕНИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА“. Сакам Да Кажам. 2021-11-14. Посетено на 2024-05-02.

Надворешни врски

уреди