Саат-кула (Стар Дојран)
Саат-кула во Стар Дојран — саат-кула во Стар Дојран, подигната во 1372 година како поклон за некогашниот град Дојран од страна на Евренос-бег.[1]
Саат-кула | |
---|---|
Саат-кулата по реставрацијата во 2023 г. | |
Општи податоци | |
Статус | обновена |
Вид | саат-кула |
Град | с. Стар Дојран |
Земја | Македонија |
Координати | 41°11′6″N 22°43′11″E / 41.18500° СГШ; 22.71972° ИГД |
Надм. височина | 190 м. |
Почната | 1372 |
Обновена | 5 ноември 2021 |
Урната | 1913 |
Нарачател | Евренос-бег |
Висина | 15 м. |
Местоположба
уредиСаат-кулата се наоѓа на рид над Дојранското Езеро, каде што некогаш се наоѓала горната Турска чаршија, во близина на амамот и чешмата. Денес, до нејзе води улицата „Антон Панов“ и е сместена меѓу куќи.[1]
Градба
уредиПрвобитната градба на саат-кулата била висока околу 15 метри и бидејќи била сместена на една од повисоките точки во околината, нејзиниот часовник се гледал од секаде, а дополнително имало и ѕвоно кое отчукувало на секој саат.[1]
Кулата има квадратна основа од 4х4 метри и била ѕидана т.н. опус клоазоне — со дебели редови од камен и тенки редови од тула. Изгледот на градбата во минатото е документиран само на неколку стари фотографии пред Балканските војни.[1]
На врвот на кулата имало шпицаст кров, додека на дното од нејзе имало една главна врата и неколку тесни процепи за светлина.[1]
Историја
уредиСаат-кулата била изградена во времето на Евренос-бег. Саат-кулата настрадала за време на Балканските војни.
Часовникот сите граѓани ги известувал за времето, трговците и занаетчиите за отворање и затворање на дуќаните, рибарите за одење на мандрите.[2]
Конзервација
уредиВо 2020 година, Општина Дојран го најавила проектот за реконструкција на Саат-кулата и Стариот амам, финансиран од Европската Унија. Изградбата започнала во 2021 година и на 5 Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, кулата била пуштена во употреба.[1]
Кулата пред обновата била срушена до два метри, а сега е висока 10 метри и на сите страни поседува часовник. Воедно, преку проектот се уредила и околината околу кулата со урбана опрема.[3]
Галерија
уреди-
Саат-кулата во 2014 г.
-
Саат-кулата по обновата
-
Часовникот
-
Влезот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Саат кула – Дојран / 1372, 2021 год“. МАРХ. Посетено на 2024-05-02.
- ↑ http://dinevi.wix.com[мртва врска]
- ↑ „РЕСТАВРИРАНИ И ОТВОРЕНИ ЗА ПОСЕТА ТУРСКАТА БАЊА И СААТ КУЛАТА ВО ДОЈРАН СРУШЕНИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА“. Сакам Да Кажам. 2021-11-14. Посетено на 2024-05-02.
Надворешни врски
уреди- Саат-кула (Стар Дојран) на Ризницата ?