Дора д'Истрија (22 јануари 1828, Букурешт - 17 ноември 1888, Фиренца), е псевдонимот на војвотката Елена Колцова-Мосалска, родена како Елена Гика, која била романски романтичен писател и феминистка од албанско потекло.[1]

Портрет од Петре Матиску (1876).
Литографија на Дора

Како писателка таа беше првпат забележана во 1855, додека пишувала главно на француски јазик под името Дора д'Истрија. Таа објавила многу дела кои не само што го покажале нејзиното владеење на јазиците: романски, италијански, германски, француски, латински, стариот и новиот грчки и рускиот јазик, но исто така и познавањето на научните теми, нејзините либерални ставови за религиозните и политичките теми, како и талентот за дебатирање. Нејзиниот генерален поглед на светот бил космополитски, но таа исто така напорно работела за да се донесат ресурсите и технологиите достапни во Западна Европа во Источна Европа, и работеше за еманципацијата на својот пол.[2]

Наводи

уреди
  1. Paul Cernovodeanu et al., Elena Ghica - Dora d'Istria. Online at Ghyka.net
  2. Liviu Bordaș, Dor de Dunăre şi alte nostalgii cosmopolite - Preţul cosmopolitismului, in Observator Cultural, No. 437, August, 2008.

Надворешни врски

уреди