Долгоопашесто свиларче

Долоопашесто свиларче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Cercotrichas
Вид: Долгоопашесто свиларче
Научен назив
Cercotrichas galactotes
(Temminck, 1820)
Синоними

Erythropygia galactotes

Цртеж од Јохан Фридрих Науман

Долгоопашестото свиларче (науч. Cercotrichas galactotes), е мала птица од семејството на муварчињата која ја има во Македонија. Се размножува околу Средоземјето и на исток до Пакистан. Исто така, ја има во јужна Сахара од регионот Сахел и на исток до Сомалија; кои понекогаш се сметаат за посебен вид C. minor. Таа е делумно птица преселница, која зимува во источна Африка и Индија. Многу редок посетител е на северна Европа.

Опис

уреди
 

Долгоопашестото свиларче е малку поголемо од црвеногушката, со должина 14-16 см, распон на крилјата 22-27 см и тежина 20-25 грама. Половите се слични. Горниот дел од телото им е кафеавоцрвеникав до сивокафеав, а долниот дел е песок боја. Над самото око има светла линија. Долгата опашка е костенлива боја а врвот ѝ е црно-бел. Често ја мрда и шири опашката покажувајќи ги овие црно-бели делови. Птиците на запад се побледи и имаат потопли кафеави бои на грбот од оние во југоисточниот дел од Европа и Азија. Животниот век им е до 5 години.

Долгоопашесто свиларче,април 1993
 
Cuculus canorus canorus + Cercotrichas galactotes

Поведение

уреди

Животната средина на оваа птица се отворените суви предели со грмушки. Се храни со инсекти кои ги лови на земја. Огласувањето е збир од свирки и црцорења со тажен тон. Гнездото направено од тревки и гранчиња, а понекогаш и со змиска кожа го сместува во грмушките, живите огради или дрвјата до 2 метри височина. Несе 3-5 зеленосини јајца испрскани со светлокафеави дамки. Женката ги лежи јајцата 13 дена, а младенчињата го напуштаат гнездото по 12-13 дена. Се случува да бидат домаќини на паразитската кукавица.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Erythropygia galactotes. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски

уреди