Добромирово (манастир)

манастир во Слепче, Демирхисарско

Добромирово — македонски православен манастир во демирхисарското село Слепче.[1] Манастирот е сместен во источните падини на Илиница, огранок на Бигла на само 3 км од познатиот Слепченски манастир. До него води тампониран пат.

Добромирово
Главната манастирска црква и конакот
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наИсточен Петок
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Пресвета Богородица Балаклија“
Личности
Место
МестоСлепче, Општина Демир Хисар, Македонија Македонија
Координати41°14′18.3″N 21°09′02.8″E / 41.238417° СГШ; 21.150778° ИГД / 41.238417; 21.150778
Видливи остатоци1 црква, 2 конаци, археолошко наоѓалиште, гробови, лековита вода
Отворен за јавностада
Други информации(Слепченска парохија)

Манастирот е возобновен во средината на XX век врз остатоците од истоимената црква и некропола од средниот век. Манастирската црква е посветена на Пресвета Богородица Балаклија. Манастирот е идеален за ловен туризам, затоа кај населението е познат како манастир на ловџиите и располага со сместувачки капацитети.

Според легендите, манастирот Добромирово е поврзан со војсководецот Добромир на Самоиловата војска. Во неговите конаци низ вековите свој одмор наоѓале и македонските самостојни владетели Добромир Хрс и Добромир Стрез. По нивното име манастирот го добило името „Добромирово“.

Слава на манастирот е Источен Петок, по Велигден и Илинден. Во непосредна близина на манастирскиот двор се подигнати нови конаци. .

Објекти

уреди
Црква

Денешната манастирска црква е изградена на помал дел од старите темели во 1970 г. Според археолошките наоѓалишта тука постоела црква од средниот век.

Конаци

Манастирот располага со два конака.

Други

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 142. ISBN 9989-649-28-6.

Галерија

уреди