Дневникот на еден лудак
Дневникот на еден лудак – расказ од циклусот „Петроградски раскази“ на Николај Гогољ. Првобитно, расказот бил објавен во неговата збирка „Арабески“ од 1835 година.[1]
Содржина
уредиАксентиј Иванов Попришчин, ситен службеник во една канцеларија, бил вљубен во ќерката на својот директор. Еден дождлив ден, тој ја видел ќерката на директорот, Софи, како влегува во една продавница и многу се изненадил кога забележал дека нејзиното куче Меџи зборува со друго куче. Со намера да открие нешто повеќе за директорот и за Софи, тој ги украл писмата што Меџи му ги испратила на другото куче. Читајќи ги, Аксентиј дознал дека Софи го гледала со потсмев и дека таа била вљубена во јункерот Теплов. Тогаш, тој побеснел и почнал да размислува за неправдите во светот, во кој едни незаслужено уживаат голем углед и богатство, а другите живеат во беда. Во меѓувреме, Аксентиј прочитал дека во Шпанија останал испразнет кралскиот престол. Постепено, тој започнал да си замислува дека го поставиле за крал на Шпанија и престанал да оди на работа, а кога конечно отишол таму, започнал да се однесува необично: не му обрнувал внимание на директорот, влегол во собата на Софи, а на документите се потпишал како Фердинанд VIII. Тогаш, Аксентиј бил затворен во болница за душевно болни луѓе.[2]
Осврт кон расказот
уредиБез сомнение, неправдата и нерамноправноста се изворите на душевната болест на ситниот службеник Попришчин, која се јавува како последица на неговата способност да ја подобри својата положба. Тој ја проколнува својата состојба, прашувајќи се: Зошто токму тој е титуларен советник? Наспроти него, целото богатство оди во рацете на дворјаните и генералите кои, според зборовите на Попришчин, „трчаат на сите страни и се врткаат околу дворот и велат дека се патриоти“, а всушност, „мајката, таткото, бога, ќе ги продадат за пари, кариеристи, Јуди.“[3]
Наводи
уреди- ↑ Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXX.
- ↑ N. V. Gogolj, Petrogradske pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-127.
- ↑ Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXXIII-XXXIV.