Дмитриј Певцов (руски: Дмитрий Анатольевич Певцов , роден на 8 јули 1963 во Москва) — руски глумец, пејач и народен глумец на Русија од 2001 година.

Дмитриј Певцов
Роден(а)Дмитриј Анатолевич Певцов
Занимањеглумец
Активен1991 – денес

Тој е син на заслужниот спортски тренер на СССР, Анатолиј Певцов. Дмитриј завршил на одделот по глума во ГИТИС во 1985 година. Во 1986 година заминал во советската армија. Работел во театрот Таганка, каде одиграл поголем број значајни улоги.

На филмската сцена дебитирал во 1986 година. Исто така одиграл голема улога во претставата Хамлет, во режија на Г. Панфилов. Во 2000 година учествувал во криминалната серија Бандите на Петербург.