Димитар Поп Илиев
Димитар Поп Илиев — македонски учител и револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Животопис
уредиДимитар Поп Илиев е роден на 16 јануари 1878 година во Струмица, тогаш во Османлиската империја. Во 1897 година го завршува класичниот оддел на гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ во Солун со првата генерација, а во 1903 година завршува словенска филологија и литература во Вишето училиште во Софија (денешниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија). Во 1906 и 1907 година е учител во Бугарската машка педагошка гимназија „Д-р Петар Берон“ во Одрин. Член е на одринскиот окружен комитет на ВМОРО.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация : Войводи и ръководители (1893-1934) : Биографично-библиографски справочник. София: Звезди. стр. 134. ISBN 954-9514-28-5.
- ↑ Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено. изд.). София: Орбел. стр. 375. ISBN 9789544961022.