Диме Тодоров Пигулов ( 1905 во Кучевиште, Скопско1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во 1944 година во неговото село пристигнале две народноослободителни бригади од Србија. Тој како и многу други соселани и младинци од соседните села, им се придружиле во моментот кога од сите нив во Кучевиште бил формирана Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Потем во состав на истата учествувал во секојдневните борби против балистите, кои доаѓале од Косово и ги напаѓале нивните села. Во една таква борба кај Чучерски Рид - Горни Забел, го изгубил својот живот. Бил закопан на селските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 235. На |first= му недостасува |last= (help)