Дејан Силјановски


Дејан Силјановски (Скопје, 1972 - Скопје, 5 јули 2012) бил македонски мотоциклист и прв Претседател на Мотоциклистичката федерација на Македонија.

Дејан Силјановски
Роден 1972
Скопје
Починал 5 јули 2012
Скопје, Македонија Македонија
Занимање мотоциклист, претседедател на МФМ

ЖивотописУреди

Силјаносвки е роден во Скопје во 1972 година. На основачкото собрание на Мотоциклистичката федерација на Македонија бил избран за претседател на 7 ноември 2007, каде се задржал на функцијата до 26 февруари 2011 година кога од здравстени причини се повлекој од истата. Работел како директор во T - Home. Тој директно бил вклучен во Организациониот одбор на повеќе изданија на традиционалното меѓународно мото рели „Македонија - Независност“. Матичен клуб му бил МК Мун Рајдерс од Скопје. По тешката борба со ракот починал во Скопје на 5 јули 2012 година.[1]

НаводиУреди

  1. "Жална вест: Почина Дејан Силјановски". Мотори. Четврток, 05 Јули 2012 14:32. Посетено на 2013-04-19. Check date values in: |date= (help)