„Деца“роман на српската писателка Милена Марковиќ од 2021 година. Романот бил награден со НИН-овата награда.

Содржина

уреди

Книгата нема строго определена структура, туку во неа авторката ги изнесува своите сеќавања на случките од детството, од младоста и од бракот: посетите на родното село на родителите, средношколските денови и желбата да биде убава и сакана, првите полови односи, пушењето, пиењето и дрогирањето, почетокот на војните во поранешната Југославија, смртта на дедото, студиите на уметничкиот факултет, забременувањето и мажењето на 19-годишна возраст, раѓањето на ментално заостанатиот син Огњен, разделбата со мажот и сиромашниот живот на самохрана мајка, подецнежниот успех како писателка, патувањата во странство и бројните награди, вториот брак и раѓањето на синот Јован на 40-годишна возраст, деменцијата на мајка ѝ, летувањата на море итн.[1]

Наводи

уреди
  1. Milena Marković, Deca (4. izdanje). LOM, Beograd, 2022.