Денис Димоски

македонски пејач

Денис Димоски (Прилеп, 4 јуни 1993)[1] - македонски пејач.

Животопис

уреди

Денис одел во музичко училиште каде научил да свири на пијано и посетувал часови по пеење. Дипломирал на музичката академија во Скопје.

Учествувал на многу национални и меѓународни музички натпревари. Во 2004 освоил награда за најдобар настап на детскиот музички фестивал „Славјански базар“ во Белорусија. Исто така, освоил второ место на меѓународниот детски фестивал „Златна ѕвезда“ во Романија.

Во 2005 ја претставуваше Македонија на Детска Евровизија со песната „Роденденски бакнеж“.

Во 2006 го објави својот прв албум насловен „И светот е мал“ со 8 песни вклучувајќи ја и таа од Детската Евровизија.

Бил еден од победниците на Кастинг Талент Шоу, кои потоа настапија со мјузикал посветен на Тоше Проески.

Настапуваше и на Ѕвездите на Гранд како македонски претставник.[2]

Наводи

уреди
  1. „Denis Dimoski biography“. Last.fm (англиски). Посетено на 2020-11-13.
  2. „Denis Dimoski - Takmičari - Zvezde Granda“. Grand Online (српски). Посетено на 2020-11-13.