Делински мост
мост во Кожанско, Егејска Македонија
Делински мост или Папамика (грчки: Γεφύρι Παπαμήκα) — стар камен мост кај селото Делино, Кожанско, Егејска Македонија. Се наоѓа на 8 км по патот Калдадес - Трановалто, точно под надвозникот на државниот пат Лариса - Кожани (преку Делино - Рамна). Претставува прилично голем сводест мост од XIX век. Широк е 5 м, висок 2,3 м и долг околу 10 м. Изграден е од варовник и шкрилци. Се смета за особено убав споменик на традиционалната народна архитектура.[1]
Делински мост Γεφύρι Παπαμήκα | |
---|---|
Координати | 40°6′51.5″N 21°54′4.3″E / 40.114306° СГШ; 21.901194° ИГД |
Место | Делино, Кожанско, Егејска Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 10 м |
Ширина | 5 м |
Висина | 2,3 м |
Распони | 1 |
Историја | |
Завршен | XIX |
Местоположба | |
Наводи
уреди- ↑ „Τριγωνικό Κοζάνης“. Μικρόβαλτο Κοζάνης. Архивирано од изворникот на 2014-12-27. Посетено на 29 декември 2014.