Yeah Yeah Yeahs

американскa инди-рок-група
(Пренасочено од Да, Да)

Yeah Yeah Yeahs ― американскa инди-рок-група основана во Њујорк во 2000 година. Групата е составена од: пејачката и пијанистка Карен О (родена како Карен Ли Орзолек), гитаристот и клавијатурист Ник Зинер и тапанарот Брајан Чејс.[4] Според едно интервју, името на групата потекнува од современиот њујоршки сленг.[5]

Yeah Yeah Yeahs
Yeah Yeah Yeahs во 2002. Од лево кон десно: Брајан Чејс, Карен О, Ник Зинер
Животописни податоци
ПотеклоЊујорк, САД
Жанрови
Период на активност
  • 2000–2014
  • 2017–денес
Издавачи
Мреж. местоyeahyeahyeahs.com
Членови

Историја

уреди

Основање и прв албум (1990-2004)

уреди

Карен О и Брајан Чејс се запознале како студенти на колеџот Оберлин во Охајо во доцните 1990-ти, каде што Чејс студирал џез на конзерваториумот. Карен потоа се префрлила на Универзитетот во Њујорк и го запознала Зинер. Орзолек и Зинер го основале акустичното дуо Unitard, но набрзо решиле да соноваат „треш, панк, мрачна“ група образувана врз основа на аван-панк групите на кои била изложена Карен О во Оберлин.[6] Откако од групата се повлекол првиот тапанар кој го ангажирале, Чејс му се приклучил на составот.

Групата напишала многу песни на нивната прва проба и за кратко време станале предгрупа на турнеите од Strokes и the White Stripes, со што стекнале одредена популарност на гаражната панк-сцена. Кон крајот на 2001 година, Yeah Yeah Yeahs објавиле истоимено ЕР, под нивната сопствена издавачка куќа. Shifty.[7] На почетокот од 2002 година, групата добила и меѓународно внимание: преку учеството на музичкиот и филмски фестивал SXSW, преку турнејата со Girls Against Boys во САД и со Jon Spencer Blues Explosion во Европа и преку нивната сопствена турнеја во Велика Британија.

Во 2003 година, групата го издала првиот студиски албум, Fever to Tell, кој добил неколку многу позитивни критики и бил продаден во над 750 000 примероци ширум светот. Третиот сингл од албумот, „Maps“, бил често емитуван на радијата за алтернативна музика. Во 2010 година, Rolling Stone ја ставил песната „Maps“ на 386-то место на нивната листа од „500 најдобри песни на сите времиња“. Во октомври 2004 година, групата го издала првото ДВД, Tell Me What Rockers to Swallow. На ДВД-то имало концерт снимен во Филмор во Сан Франциско, сите дотогашни спотови на групата и неколку интервјуа. Подоцна истата година, тие биле прикажани во документарниот филм од Скот Крари, Убиј ги твоите идоли (англиски: Kill Your Idols).

Во ноември 2009 година, NME го оценил Fever to Tell како петти најдобар албум на деценијата.[8]

Албумот Show Your Bones (2005–2007)

уреди
 
Карен О во живо на Тим фестивалот во 2006 година

Вториот албум од Yeah Yeah Yeahs, Show Your Bones, бил објавен на 28 март 2006 година. Првиот сингл од албумот, „Gold Lion“, бил издаден на 20 март 2006 година, и се искачил на 18-то место на официјалната британска топ-листа за синглови.

Во декември 2006 година, списанието NME го прогласило албумот за втор најдобар албум на годината, а „Cheated Hearts“ се нашла на дессето место на списокот од најдобри песни за таа година. Магазинот Rolling Stone го прогласил албумот Show Your Bones за 44-ти најдобар албум за 2006 година, а списанието Spin го рангирал на 31-то место на нивната топ-листа од 40 најдобри албуми за 2006 година.

 
Карен О и Ник Зинер настапуваат на фестивалот Гластонбери, 2009 година

Албумот It's Blitz! (2008–2009)

уреди

Следниот албум на Yeah Yeah Yeahs бил издаден во март 2009 година под наслов It's Blitz!.[9] Од албумот биле издадени три сингла: „Zero", „Heads Will Roll" и „Skeletons".

It's Blitz! бил именуван за втор најдобар албум за 2009 година од страна на списанието Spin и на трето место според NME; двете списанија ја прогласиле „Zero“ за песна на годината.[10] [11] [12] [13]

Албумот Mosquito и пауза (2011–2016)

уреди

Aлбумот Mosquito бил објавен на 16 април 2011 година.[14] Првиот сингл, „Sacrilege", бил објавен на 15 февруари 2013 година.[15] „Despair“ бил издаден како втор сингл на 23 јули 2013 година.[16]

 
The Yeah Yeah Yeahs на концерт во Вентура, Калифорнија, 2013 година

Во декември 2014 година, Yeah Yeah Yeahs заминале на пауза.[17] Во 2016 година, групата добила заслуги за пишување на синглот од Бијонсе „Hold Up“.[18]

 
Настапот на Yeah Yeah Yeahs во Corona Capital во Гвадалахара, 2019 година

Враќање на музичката сцена во 2017

уреди

На 20 јуни 2017 година, Yeah Yeah Yeahs објавиле дека ќе настапат на фестивалот „Sound on Sound“ во Остин на 10 ноември, додавајќи: „Очекувајте повеќе новости наскоро“ [19] Фестивалот Sound on Sound потоа бил откажан. [20]

На 26 мај 2018 година, Yeah Yeah Yeahs настапиле на фестивалот All Points во Викторија Парк, Лондон.[21]

Реиздавање на Fever to Tell

уреди

The Yeah Yeah Yeahs објавиле луксузен римастеринг на нивниот прв албум Fever to Tell на 20 октомври 2017 година, преку Interscope / UMe. Содржел претходно необјавени демо-снимки, Б-страни и други реткости од нивните почетоци.[22]

Албумот Cool It Down (2022)

уреди

На 30 септември 2022 година, групата го издала албумот Cool It Down, нивен прв албум по девет години. На први јуни го издале првиот сингл од албумот, „Spitting Off the Edge of the World“.[23] На 29 септември 2022 година, групата го објавила вториот сингл, „Burning“.[24] [25]

Музички стил

уреди

Стилот на Yeah Yeah Yeahs се опишува како „арт-рок трио кое направи жесток пост-панк, пријатен за танцување, кое е мешавина од Blondie, Pretenders и Siouxsie and the Banshees“. [26]

Членови на групата

уреди
  • Карен О – пејачка, пијано, клавијатури
  • Ник Зинер – гитара, бас, клавијатури, синтисајзери
  • Брајан Чејс – тапани, удирачки инструменти

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Fever to Tell (2003)
  • Show Your Bones (2006)
  • It's Blitz! (2009)
  • Mosquito (2013)
  • Cool It Down (2022)

Наводи

уреди
  1. „NY-based Yeah Yeah Yeahs headline Love Garage“. The Jakarta Post. February 4, 2013. Посетено на October 27, 2015.
  2. McLean, Craig (June 13, 2009). „Yeah Yeah Yeahs: why fans of the art-punk trio can't say no“. The Times. Архивирано од изворникот на June 15, 2011. Посетено на January 2, 2010.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. Richards, Will (June 1, 2022). „Yeah Yeah Yeahs announce long-awaited new album 'Cool It Down' with Perfume Genius collaboration“. NME. Посетено на July 8, 2022.
  4. Phares, Heather (May 17, 2002). „Yeah Yeah Yeahs“. AllMusic. Посетено на October 9, 2011.
  5. Nuno Brandão (December 21, 2012), Yeah Yeah Yeahs - Live from Central Park, 2004, Посетено на February 8, 2016
  6. Hanley, Lynsey (February 26, 2006). „Lynsey Hansley talks to Yeah Yeah Yeahs“. The Guardian. Посетено на April 15, 2009.
  7. „Jerry Teel“. Discogs. Посетено на April 15, 2009.
  8. „The Strokes' 'Is This It' tops NME albums of the decade list“. NME News. November 17, 2009. Посетено на November 17, 2009.
  9. Breihan, Tom (January 21, 2009). „New Yeah Yeah Yeahs Album: It's Blitz“. Pitchfork Media. Архивирано од изворникот на 2011-03-12. Посетено на April 15, 2009.
  10. „The 40 Best Albums of 2009“. Spin. December 7, 2009. Посетено на December 17, 2009.
  11. „50 Best Albums of 2009“. NME. December 2, 2009. Посетено на December 13, 2009.
  12. „50 Best Tracks of 2009“. NME. December 2, 2009. Посетено на December 13, 2009.
  13. Spin Staff (December 7, 2009). „The 20 Best Songs of 2009“. Spin. Посетено на December 17, 2009.
  14. „Yeah Yeah Yeahs's Facebook“. Facebook. Архивирано од изворникот на 2023-11-11. Посетено на January 14, 2013.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „Yeah Yeah Yeahs Twitter“. Посетено на February 20, 2013.
  16. „iTunes - Music - Despair - Single - Yeah Yeah Yeahs“. iTunes Store. January 2013. Посетено на July 31, 2013.
  17. „Karen O says Yeah Yeah Yeahs 'are on a bit of a hiatus'. Nme.com. December 22, 2014. Посетено на October 27, 2015.
  18. „Here's How Ezra Koenig Squeezed the Yeah Yeah Yeahs' 'Maps' Into Beyonce's 'Lemonade'. Billboard.com. April 26, 2016. Посетено на October 1, 2017.
  19. Празен навод (help)
  20. Stith, Deborah. „Sound on Sound Fest 2017 cancelled after main investor pulls out“. austin360.
  21. „Why We're So Excited About Yeah Yeah Yeahs' UK Comeback This Weekend“. diymag.com. May 22, 2018. Посетено на July 9, 2020.
  22. „Yeah Yeah Yeahs Announce Fever to Tell Reissue, Share Unreleased Song: Listen | Pitchfork“. pitchfork.com (англиски). September 26, 2017. Посетено на September 27, 2017.
  23. Gotrich, Lars (June 7, 2022). „Yeah Yeah Yeahs (feat. Perfume Genius), 'Spitting Off the Edge of the World'. NPR (англиски). Посетено на July 8, 2022.
  24. Tinoco, Armando (September 24, 2022). 'Jimmy Kimmel Live!' Sets Guest Lineup as Late-Night Host Goes Back to Brooklyn for a Week“. Deadline. Посетено на September 30, 2022.
  25. „Yeah Yeah Yeahs' Give Volcanic 'Kimmel' Performance & Release New Album 'Cool It Down': Watch & Stream“. Stereogum. September 30, 2022. Посетено на September 30, 2022.
  26. Gross, Joe (April 15, 2013). „Yeah Yeah Yeahs, 'Mosquito' (Interscope)“. Spin. Посетено на November 8, 2015.

Надворешни врски

уреди