Дарко Филиповиќ (Лесковац, 21 февруари 1981 година) е српски поп-фолк пејач[1] кој се прославил во 2000-ти години, откако влезе во финалето на натпреварот Ѕвездите на Гранд (во 2004 година).

Животопис уреди

Роден е на 21 февруари 1981 година во Лесковац во јужна Србија. Тука живеел до 2003 година, кога се преселил во Белград.

Пред да се натпреварува во Ѕвездите на Гранд, тој пеел во српските ноќни клубови (сплавови). По успехот во регионалното натпреварување на Ѕвездите на Гранд, тој станал многу попознат и познат во земјите од поранешна Југославија. Неговата најпозната песна е неговиот деби сингл Она, она. Во моментов снима за Гранд.

Дискографија уреди

  • Требаш ми (2005)
  • Опрости (2007)

Синглови уреди

  • Љуљају се сплавови(2006)
  • Сад знам (2008)

Наводи уреди

  1. „Ženi se Darko Filipović“. Kurir. 19. 2. 2011. Архивирано од изворникот на 9. 3. 2012. Посетено на 13. 4. 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archivedate= (help)