Дарко Спалевиќ
Дарко Спалевиќ (Вучитрн, 24 март 1977) е професионален српски фудбалер. Настапувал на позицијата напаѓач.
Кариера
уредиСпалевиќ кариерата ја започнал во екипата на Раднички од Вучитрн, по што преминал во тимот на Трепча од Косовска Митровица.[1] Во сезоната 1998/99 бил играч на екипата на Приштина, а во 1999 година настапувал за составот на Бане од Рашка. Во периодот помеѓу 1999 и 2001 година Спалевиќ бил во редовите на екипата на белградски Милиционар. Во текот на 1999 година имал одиграно и еден натпревар за младата репрезентација на СР Југославија.[2]
Во летото 2001 година, тој се приклучил во составот на Црвена ѕвезда, која во тој период била предводена од тренерот Славољуб Муслин.[3] За црвено-белите одиграл 11 натпревари на кои не постигнал ниту еден гол. Тој земал активно учество и во квалификациите за Лигата на шампионите против составот на Бајер Леверкузен.[4] По заминувањето од екипата на Црвена ѕвезда, Дарко неколку години настапувал во странство, и тоа во Бугарија, Русија, Унгарија и Кина.
Во дресот на Славија од Источно Сараево, двапати бил најдобар стрелец во Премиер лигата на БиХ (2007/08, 2008/09).[5] Тој го освоил Купот на Босна и Херцеговина со составот на Славија во сезоната 2008/09.[6]
Во летото 2010 година Спалевиќ се вратил во Србија потпишувајќи договор со екипата на Раднички 1923. Со тимот од Крагуевац, успеал да избори пласман во Супер лигата, а воедно и бил втор стрелец во Првата лига на Србија во сезоната 2010/11 со вкупно 19 постигнати голови на 28 натпревари. Во сезоната 2011/12 бил најдобар стрелец во Супер лигата со 19 постигнати голови на вкупно 26 натпревари. Во таа натпреварувачка сезона успеал да влезе и во идеалниот тим на сезоната.[7] Во тимот на Раднички останал до 2014 година и постигнал вкупно 53 гола на 105 првенствени натпревари.
Во месец јуни 2014 година се преселил во екипата на Долен Срем од Пеќинац.[8] За овој клуб во сезоната 2014/15 во српската Суперлига одиграл 22 натпревари и постигнал пет гола. Во месец јули 2016 година се вратил во екипата на Раднички од Крагуевац.[9] Спалевиќ во сезоната 2016/17 во српската лига Запад одиграл 25 натпревари и постигнал 8 голови.[10] Тој му помогнал на својот тим да го освои првото место во српската лига и од сезоната 2017/18 тимот продолжил да се натпревара во Првата лига на Србија.[11] На почетокот на сезоната 2017/18 одиграл само два натпревари во Првата лига на Србија,[10] по што ја завршил својата играчка кариера.[12]
Успеси
уредиКлупски успеси
уреди- Славија од Сараево
- Освоен е Купот на Босна и Херцеговина (1): 2008/09.
- Раднички од Крагуевац
- Освоена е Српската лига Запад (1): 2016/17.
Индивидуални успеси
уреди- Бил најдобар стрелец во Премиер лигата на БиХ (2): 2007/08, 2008/09.
- Бил најдобар стрелец во српската Суперлига (1): 2011/12.
Наводи
уреди- ↑ „Дарко Спалевић“. Архивирано од изворникот на 2016-03-25. Посетено на 10 март 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Пораз плавих“. 29 декември 1999. Архивирано од изворникот на 2023-05-29. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Дошао је у Звезду као појачање за ЛШ, играо против Рикелмеа, Савиоле и Камбијаса, а у среду је постигао златан гол у селу код Пожаревца (ВИДЕО)“. 18 мај 2017. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Спалевић: У Звезди нисам веровао у себе“. 22 мај 2012. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Без старца нема ударца“. 20 ноември 2015. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Славији Куп БиХ“. 28 мај 2009. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Проглашен најбољи тим Суперлиге“. 14 мај 2012. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Спалевић појачао Доњи Срем“. 17 јуни 2012. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Дарко Спалевић поново у Радничком“. 26 јуни 2016. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ 10,0 10,1 „Дарко Спалевић“. Архивирано од изворникот на 2019-03-10. Посетено на 10 март 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Раднички првак Српске лиге „Запад"“. 5 јуни 2017. Посетено на 10 март 2019.[мртва врска]
- ↑ „Спалевић бубамару замијенио хотелом“. 27 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-10. Посетено на 10 март 2019.