Дарвинов ден
Дарвинов ден — датум што се одбележува на 12 февруари, денот кога во 1809 година бил роден биологот и природонаучник Чарлс Дарвин.[1]
Дарвинов ден | |
---|---|
Дарвин на 59 години | |
Го празнува(ат) | Разни групи и поединци |
Значење | Денот го чествува Дарвиновиот живот и дело |
Датум | 12 февруари |
Прослава | разни |
Историја
уредиСо овој датум се нагласува Дарвиновиот придонес во науката и се промовира науката воопшто како и нејзино популаризирање. Прославите на делото на Дарвин се организирани од неговата смрт на 19 април 1882 година. Прославите се одржувале во Даун Хаус, куќата во предградието на Лондон каде што живеел тој и членовите на неговото семејство. Во Кембриџ во 1909 година, се собрале над 265 научници од 167 земји за да му оддадат почит на придонесот на овој научник, што претставувал најголем собир за тоа време во чест на овој природонаучник. Занимлива новина било ЦД со растафаријанска музика со цитати од книгата на Дарвин. Во англискиот град Шусби, каде што е роден Дарвин, од 2003 година се одржува Дарвиновиот фестивал кој трае во текот на февруари.[2] Во 2009 гоидна се одбележале 200 години од раѓањето на Дарвин и 150 години од пишувањето на познатото дело За потеклото на видовите, па така низ светот се одржувале посебни прослави, а потоа и официјално бил воведен Дарвиновиот ден. Најголемите прослави биле во Шесбург и во Природонаучниот музеј во Лондон.[3]
Занимливости за Дарвиновата теорија
уредиВистина или заблуда: Чарлс Дарвин рекол дека луѓето настанале од мајмуни. Прочуено прашање што се надоврзува на ова тврдење е „Ако човекот настанал од мајмун, како тоа сè уште има мајмуни?“. Во неговата книга од 1871 година „Потеклото на човекот и селекцијата во врска со полот“, каде што ја изнел својата теорија за еволуцијата, овој голем научник не кажал непосредндо дека луѓето настанале од мајмуни. Неговата теза била дека е можно сите живи суштества да потекнуваат од едно, вклучувајќи ги и луѓето и мајмуните. Згора на тоа, тој верувал дека мајмуните и луѓето имаат заеднички предок, тврдење кое укажува на роднинска врска, а не на однос родител-дете.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Vesti“. National Geographic.
- ↑ „Danas je Darvinov dan“. Mladi Nikšićа.
- ↑ „Архимед“. Архивирано од изворникот на 2024-07-10. Посетено на 2024-09-05.
- ↑ „Istine i zablude o Čarlsu Darvinu“. National Geographic.