Дан Мингер

белгиски велосипедист

Дан Мингер (холандски: Daan Myngheer; 13 април 1993 во Руселаре28 март 2016 во Ајачо) — белгиски професионален друмски велосипедист.

Дан Мингер
Мингер во март 2016 година
Лични податоци
Цело имеДан Мингер
Роден13 април 1993(1993-04-13)
Руселаре,  Белгија
Починал28 март 2016(2016-03-28) (возр. 22)
Ајачо,  Франција
Висина1,90 м
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедист
Улогавозач
Професионални клубови
2015
2016
Верандас Вилемс
Рубе-Метропол Еуропеан де Лил
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален јуниорски друмски првак

Живот

уреди

Во 2011 година, Минген станал национален јуниорски друмски првак. Двапати бил првак во покраината Западна Фландрија, во 2010 година како јуниор и во 2013 година во категоријата под 23 години.

На 26 март 2016 година ја започнал трката Критериум Интернасионал 2016 на Корзика. Во последните 25 километри од првата етапа, Мингер доживеал срцев удар. Починал два дена во болницата во Ајачо, како последица на инфарктот.[1][2]

Достигнувања

уреди
2011
1.   Национално јуниорско друмско првенство
1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде за јуниори
2013
1. Друмско првенство на Западна Фландрија под 23 години
1. Брисел-Зеперен
1. Трка околу Источна Фландрија
1. Етапа 2
2014
1. Етапа 3 Есор Бретон (ТТТ)

Наводи

уреди
  1. „Daan Myngheer dies from heart attack“. cyclingnews.com (англиски). 29 март 2016. Посетено на 29 март 2016.
  2. „Daan Myngheer: Cycling mourns second Belgian death“. BBC Sport (англиски). 29 март 2016. Посетено на 31 март 2016.

Надворешни врски

уреди