Дан Лири-Ратдаун (англиски: Dún Laoghaire–Rathdown)[3], ирски: Dún Laoghaire–Ráth an Dúin) е грофовија во Ирска. Грофовијата е дел од статистичкиот регион Даблин, а административно ѝ припаѓа на покраината Ленстер. Го носи името на населбата Дан Лири и полубаронијата Ратдаун. Со грофовијата раководи Грофовискиот совет на Дан Лири-Ратдаун. Населението брои 233,860 жители.[4]

Дан Лири-Ратдаун
Dún Laoghaire–Rathdown
Dún Laoghaire–Ráth an Dúin
Грофовија
Грб на Дан Лири-Ратдаун
Гесло: Ó Chuan go Sliabh  (ирски)
„Од залив до планина“
Местоположба на Дан Лири-Ратдаун
ЗемјаИрска
ПокраинаЛенстер
Собрание на ИрскаДан Лири,
Даблин Југ
Парламент на ЕУДаблин
Админ. центарДан Лири
Управа
 • Видгрофовиски совет
Површина
 • Вкупна125,8[1] км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2)
Население (2022)233,860[2]
Рег. табл.D
Мреж. местоdlrcoco.ie
Поглед кон административен објект во Дан Лири

Географија и административна поделба

уреди

Дан Лири-Ратдаун на исток се граничи со Ирското Море, на север со самиот град Даблин, на запад со Јужен Даблин, а на југ со грофовијата Виклоу. Во грофовијата се сместени Даблинскиот универзитетски колеџ и Институт за уметност, дизајн и технологија на Дан Лири. Ова е една од трите помали грофовии што се формирале со поделбата на поголемата грофовија Даблин во 1994. Географски, грофовијата се наоѓа југоисточно од градот Даблин, а нејзин административен центар е Дан Лири.

Населени места

уреди

Наводи

уреди
  1. „Dún Laoghaire–Rathdown County Progile“ (PDF). Maynooth University. Архивирано (PDF) од изворникот 4 November 2019. Посетено на 6 November 2020.
  2. „Census 2022 - F1004A - Population“. Central Statistics Office Census 2022 Reports. Central Statistics Office Ireland. August 2023. Посетено на 16 September 2023.
  3. Изборен амандман-закон 2009 – Распоред (англиски)
  4. Попис 2006 – Населението на секоја покраина, грофовија и град Архивирано на 17 април 2011 г. (англиски)

Надворешни врски

уреди