Дамјан Жерновски
Дамјан Жерновски (роден во 12 ноември 1934 година во Скопје) — македонски градежен инженер и редовен професор на Градежниот факултет во Скопје (од 1989 г.) по групата предмети Организација, технологија и економика на изградбата, прв претседател на македонското Здружение за проектен менаџмент.
Дамјан Жерновски | ||
Роден | 12 ноември 1934 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | градежен инженер |
Работел на научноистажувачки проекти и ги објавил книгите: „Техника на мрежно планирање во градежништвото” (1982) и „Проектен менаџмент” (1993). Бил активен во применувачката и во научноистражувачката дејност.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Жерновски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 542. Text "series " ignored (help)