Хрватска енциклопедија

Хрватска енциклопедија (хрватски: Hrvatska enciklopedija) — национална енциклопедија на Хрватска која ја издава Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“[1] (порано „Југословенски лексикографски завод“).

Хрватска енциклопедија
Првите пет тома на Хрватската енциклопедија
УредникДалибор Брозовиќ, Томислав Ладан и др.
Изворен насловHrvatska enciklopedija
ЗемјаХрватска
Јазикхрватски
Предмет(и)општа
Жанрприрачна енциклопедија
ИздавачЛексикографски завод „Мирослав Крлежа“
Издадена
1999–2009
Медиум11 тома (тврда подвеска)
ISBN953-6036-31-2
OCLC247866724
Original text
Hrvatska enciklopedija online

Историјат

уреди
 
Пет тома на Хрватската енциклопедија на Мате Ујевиќ, издадени од 1941 до 1945 г.

Проектот започнал во 1999 г. и претставува петти ваков потфат, почнувајќи од Хрватска енциклопедија на Мате Ујевиќ и продолжила како Општа енциклопедија на Југословенскиот лексикографски завод, како и две изданија на Општа енциклопедија.[1]

Во периодот од 1999 до 2009 г. се издадени единаесет тома — по еден том годишно. Почувајќи од 2010 г. се изготвува семрежно издание на енциклопедијата, дополнета со нови мултимедијални содржини.[2] Слободното семрежно издание е пуштено во септември 2013 г. Печатењето е запрено и сета понатамошна работа се одвива исклучиво во бази на податоци, кои се основа за семрежното и други мултимедијални изданија на енциклопедијата.[3]

Томови

уреди
Том Главен уредник Година Страници
I. : A – Bd Далибор Брозовиќ 1999 674
II. : Be – Da 2000 723
III. : Da – Fo 2001 722
IV. : Fr – Ht 2002 753
V. : Hu – Km Аугуст Ковачец 2003 725
VI. : Kn – Mak 2004 786
VII. : Mal – Nj 2005 814
VIII. : O – Pre Славен Равлиќ 2006 773
IX. : Pri – Sk 2007 842
X. : Sl – To 2008 830
XI. : Tr – Ž 2009 859

Печатените томови опфаќаат вкупно 9.272 страници, содржат 67.077 статии со вкупно 1.059.000 реда текст.[3] Делото е здружена работа на 1.070 автори, претежно соработници.[3] Секој еден томо е работа на 20 до 30 вработени во Лексикограгскиот завод и 300-400 соработници.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Hrvatska enciklopedija“. Архивирано од изворникот на 2018-06-29. Посетено на October 24, 2017.
  2. „Predstavljena internetska izdanja Leksikografskoga zavoda“. September 23, 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-26. Посетено на January 1, 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Predgovor mrežnom izdanju Hrvatske enciklopedije“. Архивирано од изворникот на 2014-02-03. Посетено на January 2, 2014.

Надворешни врски

уреди