Дајбог

божество
(Пренасочено од Дабог)

Дајбог или Дабог, се претпоставува дека е име за хтоничното божество на волците кои биле инкарнација на починатите. Во Мачва е забележана сказна според која Дајбог претставува бог кој одзема души, во Босна пак се верувало дека Св. Арханѓел го зазел местото на Дајбог преземајќи ја улогата на богот на мртвите. Во Србија со името Дабо, Даба се означува врвниот ѓавол. Оттаму и верувањата во Србија дека Дајбог бил најголемиот непријател на Бога. Тој се појавувал и како заштитник на ситниот добиток. Но според името некаде се верува дека тој симболизирал божество кое подарувало, давало благосостојба, бог на благородните метали.

Модерен пагански олтар со приказ на Дајбог

Според В. Чајкановиќ помнењето на Дајбог како врвно божество под влијание на христијанството бил пренесен врз повеќе христијански светци и народни јунаци: св. Сава, св. Мрато, св. Јован, св. Архангел, Крали Марко, кнез Лазар, па дури и ѓаволот имал негови обележја. Според своите обележја и обредниот пречек во време на новогодишните празници, Чајкановиќ ова божество го сместил во редот на хтонските битија.

Според Н. Нодило не доаѓа до потенцирање на божеството, но во потрага по сончевото божество кај српските и хрватските народи неговото име го наоѓа во следните ликови од митолошкото минато Дабо, Коледе, Божиќ, Богдан, Момчило и др.

Во обид да се прикаже митолошкиот лик на ова божество ќе се навратиме на Чајкановиќ; постар маж, понекогаш се јавувал како троглав, некогаш била сребрена, а некогаш со животински облик, облечен или во црно или во бело, имал капа или круна на главата, нозете му биле во обувки, но неретко бил прикажуван со една покуса нога. Својот изглед можел да го менува, често се појавувал како патник (оттаму обредна почит кон патниците и питачите), се појавувал и во ликот на коњаник на бел коњ, како заштитник. Се сметало дека со себе носел вериги (правдата), магичен стап за менување на судбината и др. Тој бил заштитник, родоначалник, судија или кум на народот.

Користена литература

уреди
  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.