Давид (охридски патријарх)
Давид — охридски патријарх, поглавар на Охридската патријаршија од 1016 до 1018 г.
Давид | |
---|---|
Ракоположен | 1016 |
Службата завршила | 1018 |
Претходник | Филип |
Наследник | Јован Дебарски |
Лични податоци | |
Роден | X век |
Починал | XI век |
Се смета дека станал поглавар со доаѓањето на царот Јован Владислав на македонскиот престол по 1015 г. Во 1016 г. Давид соработувал со царот за да го заплени и убие кнезот Јован Владимир. По смртта на Јован Владислав во 1018 г. патријархот Давид се сретнал со византискоот цар Василиј II во Струмица и посредувал во преговорите помеѓу него и царицата Марија (Јовановата сопруга), и како последица на тоа било укинато Самоиловото Царство. По ова царот го отстранил Давид, но ја признал автокефалноста на Охридската архиепископија, а на нејзино чело го поставил Јован Дебарски.[1]
Некои извори (меѓу кои и поправка, вметната од Михаил Деволски во хрониката на византискиот летописец Јован Скилица) ја поставуваат како веројатна тезата дека вистинското име на Давид е Јован, и дека Давид и Јован Дебарски се една иста личност.[2]
Наводи
уреди- ↑ Снегаров, Иван (1995) [1924]. История на Охридската архиепископия, т.1 (Второ фототипно издание. изд.). София: Академично издателство „Марин Дринов“. стр. 29–31.
- ↑ Пириватрич, Сърджан. Самуиловата държава. Обхват и характер. София, Издателска група „АГАТА-А“, 2000. ISBN 954-540-020-X, с. 197, 233-234;
Николов, Георги. Централизъм и регионализъм в ранносредновековна България (края на VII – началото на XI в.). София, Академично издателство „Марин Дринов“, 2005. ISBN 954-430-787-7, с. 153