Михаил Деволски (XI–XII в.) – епископ на Деволската епархија на Охридската архиепископија и хроничар. Во 1118 г. извршил 66 дополнувања кон Хрониката на Јоан Скилица од втората половина на XI в. што се однесувале на периодот меѓу 976 и 1057 г., за настаните во Самуиловото Царство и за тогашните состојби во Охридската архиепископија.