Давид и Голијат (Караваџо)
Давид и Голијат — познато дело (слика), масло на платно од Микеланџело Мериси да Караваџо, (или Давид со главата на Голијат или Давид победник над Голијат) насликана е околу 1599 година, а се изложена е во Музејот дел Прадо, Мадрид. Две подоцнежни верзии на истата тема денес постојат во музејот за Историја на уметноста во Виена — (Давид со главата на Голијат) и во римската галерија Боргезе (Давид со главата на Голијат).[1].
италијански: David e Golia | |
Творец | Караваџо |
---|---|
Година | 1599 |
Димензии | 110 см × 91 см |
Место | Прадо |
Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Караваџо. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело е едно од неговите митолошко - теолошки творби. Тоа е класично составена слика, без секундарни симболички елементи.[2]. Денес сликата постои во вкупно три верзии.
Опис
уредиНа сликата е библискиот Давид како младо момче (во согласност со библиската приказна) како ја отсекува главата на филистејскиот шампион, џинот Голијат, држејќи ја за косата. Светлината е поставена најистакнато врз ногата, раката и крилото на Давид, на масивните раменици од кои му е отсечена главата на Голијат и на самата глава, но сè друго е темно. Дури и лицето на Давид е речиси невидливо во сенка. Раната на челото на Голијат покажува каде е лузната од каменот на Давидовата прачка. Најголемиот впечаток што го остава сликата е интензивнатао лична борба - без триумф, без војски.[3].
Стил
уредиСликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Чувство за атмосферата. Ова е една од редките слики на Караваџо, која е синтеза на интимнаата, библиската и митолошката тема. Неговиот стил е своевиден ран барок во кој се насетуваатдури и некои елементи на подоцнежниот класицизам и специфичен историски реализам. [4].
Техника на сликање
уредиКараваџо спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Караваџо инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката најверојатно првично подлогата ја подготвувал со густи наслаги на битумен, а врз него употребувал окер, оловно бела и нијанси на згасито жолта со што правел истакнати граници помеѓу темното – мракот и светлината која најчесто извирала од еден извор и била фокусирана во осветлувањето на ликовите и портретите. Во ова дело, тој уште повеќе го затемнува колоритот, сметувајчи го колоритот во доминантно црна површина со светлосни акценти кои ја наговестуваат драматичната мускулатурна напнатост.[5].
Влијание
уредиВо рамките на историјата на уметноста Караваџо ги продолжува чистите сликарски традиции, особено во барокот индиректно тој ќе повлијае врз сликарската постапка на Рембрант ван Рајн, неговата улога и влијание особено ќе биде присутна кај сликарите кои ќе се изразуваат во класичниот и романтичниот стил (Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр, Ежен Делакроа), но, во ова дело се чувствува и далечно наговестување на импресионистичката директност а директно влијание врз исликарството на Бартоломео Муриљо како и на мајсторите на подоцнежните историски сцени[6].
Библиографија
уреди- CARRASAT, Patricia: Mestres de la pintura, Spes Editorial, S.L.2005. ISBN 84-8332-597-7
- VALDOVINOS CRUZ, José Manuel, El Prat, col·leccions de pintura, Madrid, Lunwerg Editors, 200. ISBN 84-7782-694-3.
Надворешни врски
уреди- Fitxa de l'obra a la pàgina web del Museu del Prado.
- Anàlisi de l'obra a Artehistoria.com
Наводи
уреди- ↑ David vencedor de Goliat [Caravaggio]
- ↑ David vencedor de Goliat
- ↑ Michelangelo Merisi da Caravaggio
- ↑ „David vencedor de Goliat - Caravaggio“. Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 2020-12-22.
- ↑ David vencedor de Goliat, de Michelangelo Merisi, conocido como Caravaggio
- ↑ MICHELANGELO MERISI, »CARAVAGGIO« (1573-1610)[мртва врска]