Гумниште (Вирово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Гумниште

Карта

Местоположба 41°13′58″N 21°5′23″E / 41.23278° СГШ; 21.08972° ИГД / 41.23278; 21.08972
Основни податоци
Место Вирово
Општина Демир Хисар
Тип

 населба  црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Гумништеархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Вирово. Претставува населба и црква од средниот век. Се наоѓа на 500 м североисточно од селото во темелите на денешната црква Св. Петка, која е изградена врз темелите од постара црква. Според кажувањето на селскиот ковач, при копањето на темелите во 1935 година биле најдени фрагменти од фрескоживопис. Околу црквата има множество градежен материјал, а во нејзината непосредна околина остатоци од повеќе објекти градени од кршен камен и кал. Исто така, пронајдени биле и гробови градени од камени плочи, поставени во правец исток-запад.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069