Гродненска епархија

Гродненската епархија (белоруски:Гродзенская дыяцэзія, латински:Dioecesis Grodnensis) е католичка епархија (диоцеза) во Белорусија со центар во градот Гродно. Патрон на епархија е Св. Казимир.

Гродненската епархија на мапата на Република Белорусија.

Историја

уреди
 
Катедралата Свети Францис Ксавиер, Гродно

На 13 април 1991 година, папата Јован Павле II ја издадал булата "Qui operam", основајќи ја Гродненската епархија со тоа што таа била одделена од Вилнуската архиепископија.

Структура

уреди

Таа ја зафаќа територијата на Гродненската област на северозападна Белорусија и е суфраган во однос на Минско-Могиљовска архиепископија. Во епархијата се вклучени Гродненската богословијата и Гродненскиот катехизичен институт. Нејзина катедрала е Катедралата на Св. Фрацис Ксавиер во Гродно, со почесен статус на "мала базилика". Од основањето на епархијата на чело бил епископот Александар Кашкевич. Помошен епископ е Јосиф Станевски.

Деканати

уреди
  • Островешки
  • Ошмјански
  • Берестовиски
  • Волковиски
  • два Гроднински (источен и западен)
  • Дјатловски
  • Ивевски
  • Лидски
  • Мостовски
  • Новогрудски
  • Радунски
  • Сопотински
  • Сморгонски
  • Слонимски
  • Шчучински

Статистика

уреди

При крајот на 2014 година католиците биле 55.0 % од вкупното население на територијата на епархијата.[1]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди