Грињарова реакција
Грињарова реакција, или Грињарова синтеза, е спојна реакција во органската хемија во која доколку органомагнезиумовхалоген се спои со вода се добива алкан, доколку се спои со јаглерод диоксид се добива карбоксилна киселина, а доколку се спои со карбонилни соедининија (алдехид, кетон) се добива алкохол.
Реакции со Грињаров реагенс
уредиРеакција меѓу Грињаров реагенс и вода
уредиГрињаровите реагенси претставуваат алкил магнезиумови халогениди (RMgX). Во контакт со вода тие хидролизираат, а производ на ваквите реакции се алкан и магнезиум хидроксид халогенид.
Реакција меѓу Грињаров реагенс и јаглерод диоксид
уредиРеакцијата меѓу Грињаров реагнес и јаглерод диоксид се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон јаглердниот диоксид, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина.
Реакција меѓу Грињаров реагенс и кетон
уредиРеакцијата меѓу Грињаров реагенс и кетон се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон двојната врска меѓу кислородот и јаглеродот, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина.
Реакција меѓу Грињаров реагенс и алдехид
уредиРеакцијата меѓу Грињаров реагенс и алдехид се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон двојната врска меѓу кислородот и јаглеродот, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина.
Литература
уреди- ed. by Gary S. Silverman .... (1996), Rakita, Philip E.; Silverman, Gary (уред.), Handbook of Grignard reagents, New York, N.Y: Marcel Dekker, ISBN 0-8247-9545-8CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link) CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
- Mary McHale, "Grignard Reaction," Connexions, http://cnx.org/content/m15245/1.2/. 2007.
- Grignard knowledge: Alkyl coupling chemistry with inexpensive transition metals by Larry J. Westrum, Fine Chemistry November/December 2002, pp. 10–13 [1] Архивирано на 10 октомври 2016 г.