Грбот на Панама е официјалниот грб на оваа средноамериканска држава. Грбот на Панама, заедно со знамето, биле официјално усвоени како симболи на државата на 4 јуни 1904 година.

Грб на Гвајана
Подробно
Усвоен4 јуни 1904
Торзоорел и девет ѕвезди
Штитштит поделен на пет полиња
Држачипанамски знамиња
МотоPro Mundi Beneficio

Опис

уреди

Грбот е составен неколку елементи. Во централниот дел се наоѓа штит со златни граници. Штитот е поделен на пет дела, два горни, два долни и еден во средината на штитот. Во средината има приказ на Панамскиот Провлак во зелена боја, симбол на растителноста. Над провлакот има приказ на небото, кое е поделено на два дела. Во десниот дел од небото, кое е сино, има приказ на месечина во изгрев, а од левата сонце во залез со што се симболизира времето кога се објавила независноста на Панама.

Над централниот дел има две полиња, од кои левото е во сребрена боја а десното поле во црвена. На сребреното поле има приказ на прекрстени меч и пушка во закачена позиција што симболизираат напуштање на идејата за војни и граѓански немир. На црвеното поле има приказ на лопата и копач, што симболизираат работа.

Под средишниот дел има уште две полиња, од кои левото поле е во светла сина боја, а десноро во сребрена боја. На синото поле има приказ на рог на богатството, што е симбол на богатството. На сребреното поле има приказ на златно тркало со крилја, што е симбол на напредокот.

Над штитот има приказ на кафеав орел со раширени крилја со главата кон лево и тој е симбол на независноста. Во клунот орелот држи сребрена лента која се беси од лево и десно и на неа е испишано геслото „Pro Mundi Beneficio“ (За придобивката на светот). Над самиот орел има распоредено девет златни ѕвезди во полукружна форма кои ги претставуваат покраините на Панама. Сите овие елементи се поставени на четири панамски знамиња, по две од левата и две од десната страна, кои пак се споени на долниот дел од грбот. Нема официјален запис за тоа од кој вид е орелот.

Грбот на Панама не бил променет 37 години, сè до 1941 година, кога биле направени неколку забелешки. Имено, значењето на мечот и пушката било променето во „спремност за одбрана на независноста“ наместо „збогување со граѓанските војни“, како и имало промена на геслото од "Pro Mundi Beneficio " во "Solo Dios sobre Nosotros", но тоа не било прифатено.

Останати грбови

уреди
         
Санта Марија ла Антигва дел Дариен Гран Колумбија Република Нова Гранада Федерална Држава Панама Федерална Држава Панама
1510 1821 - 1830 1830 - 1858 1858 - 1863 1863 - 1886

Поврзано

уреди