Грб на Литванската Советска Социјалистичка Република

Грбот на Литванската Советска Социјалистичка Република бил усвоен во 1940 година, од страна на владата на тогашната Литванска ССР.

Грбот на Литванската ССР

Опис уреди

Грбот се темели на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјоделието (гранчиња даб и пченица). Во позадината се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на литванската нација. На грбот се наоѓаат и срп и чекан како и црвена ѕвезда, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединете се!" напишан на литвански и руски јазик. На дното на грбот се наоѓа натпис "ЛССР (LTSR)" (литванска скратеница за "Литванска Советска Социјалистичка Република").

Грбот бил на сила сè до 1990, кога бил заменет со денешниот грб на Литванија.

Поврзано уреди