Грбовите на Македонија (книга)

„Грбовите на Македонија“, напишана од Александар Матковски, претставува првото вистинско македонско хералдичко дело. Печатено е во Скопје во 1970 година.

Грбовите на Македонија
Корица на книгата „Грбовите на Македонија“.
АвторАлександар Матковски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанрхералдика, историја
ИздавачЗаедница за издавачка дејност при НИП „Нова Македонија“, Институт за национална историја - Скопје
Издадена
1970
Страници219

Во него, на 219 страници, се дадени сите историски податоци за грбови на Македонија, од илирските грбовници, почнувајќи од 16 век, па до денес. Ова книга е пишувана и подготвувана 2 години, при што Матковски објавува неколку статии. [1]

Ова дело на Матковски е земено предвид при полемиката за создавање на нов македонски грб со прогласувањето на независноста. Имено, делото е користено како аргумент, бидејќи тоа укажува дека најпригоден симбол за независна Македонија е златно-жолт исправен лав на црвена позадина.[2] Лавот како симбол поврзан со Македонија датира од многу одамна, а за првпат како грб поврзан со Македонија е како грб на Александар Македонски од каде преоѓа во Илирските грбовници со грбовникот на Корениќ-Неориќ од 1595 година.

Книгата Грбовите на Македонија фототипно била издадена во 1990 година, со што го зголемила интересот за хералдиката во Македонија.[3]

Бидејќи немало политички концензус за ова прашање, обидот да се промени грбот на Македонија од социјалистичкиот грб на НРМ односно СРМ, во (историскиот) жолт лав на црвена позадина пропаднал. Само петокраката е отстранета од Грбот на Македонија во 2009.

Извадок од делото на Матковски

уреди

Говорејќи за грбовникот на Корениќ-Неориќ, тој ќе напише:

„Во грбовникот прво се дадени 11 земски грбови, т.е. „belezi zemalja svetih plemena“, а потоа 140 семејни грбови на разни „војводи, жупани, кнезови, катунари, витези, властелини“ и други. Меѓу земските грбови се наоѓа и македонскиот, на стр. VI. Под грбот пишува „Macedoniae“, а над него со лоша кирилица пишува: „цимери македонске земле“ т.е. „грб на македонската земја“. Амблемот е жолт, исправен лав на црвено поле. Над главата на лавот има мала круна. Над штитот има голема круна. Штитот е германски.“

Наводи

уреди
  1. Јоновски, Јован (2019). „Развојот на македонската хералдичка мисла“. Историја (1): 105–121. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  2. Јоновски, Јован (2019). Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија. Скопје: Македонско грбословно друштво. ISBN 978-608-66337-0-7. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  3. Јоновски, Јован (2015). Симболите на Македонија. Скопје: Силсон. ISBN 9786082190914. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)