Градски кохорт
Градските кохорти во Стариот Рим биле создадени од Август за да се спротивстават на огромната моќ на преторијанската гарда во градот Рим и да служат како полиција. Со нив командувал градскиот префект.
Должности
уредиБандите на Тит Аниј Мило, Публиј Клодиј и други, кои биле користени од сопернички политичари за време на Републиката, биле елиминирани најмногу поради напорите на Помпеј Магнус. Иако политичките банди биле во минатото, бидејќи делотворната моќ веќе не престојувала во конкурентските фракции на Римскиот сенат и избраните магистрати, некаков вид полициска сила била неопходна за одржување на јавниот ред и мир и спречување на граѓански нарушувања. За да се исполни оваа цел, Август воспоставил три градски кохорти под новоименуваниот префект на градот.[1] Нивната примарна улога била да го полицираат Рим и да се спротивстават на бандите кои владееле со улиците за време на Републиката. На тој начин, градските кохорти дејствувале како тешки полициски сили, способни за контрола на немирите, додека нивните современици, Вигилите, ги полицирале улиците и се бореле со пожари. Како обучена паравоена организација, градските кохорти можеле, во ретки прилики, да се пратени во битка доколку е потребно. Оваа улога, сепак, била повикувана само во тешки ситуации.
За разлика од Вигилите, кои главно работеле ноќе како пожарникари и чувари, членовите на градските кохорти се сметале за легионери, иако со повисоки плати од обичните легионери, иако не толкави плати како преторијанската гарда. Исто имаа тенденција да добиваат малку поголеми подароци, но секако, не толку колку што преторијанската гарда.[2]
Организација
уредиПрвично, градските кохорти биле поделени во три кохорти, со секоја кохорта командувал по еден трибун и шест центуриони. Во времето на Флавијевската династија бројот на кохорти се зголемил до четири. Секоја кохорта содржи околу петсто лица. Само слободни граѓани имале право да служат во нивните редови. Како и со преторијанците, легионерите од градските кохорти биле претежно од италијанскa етничка припадност.[3] Градските кохорти, (познати како градски кохорти во неримските градови) подоцна биле формирани и во римскиот северноафрикански град Картагина и во градот Лугдунум во Римска Галија (денешен Лион).[3]
Наводи
уреди- ↑ Grant, Michael (1978). History Of Rome. New York: NY: Charles Scribner's Sons. стр. 256. ISBN 0-684-15986-4.
- ↑ Southern, Pat (2006). The Roman Army: A Social and Institutional History. New York: NY: Oxford University Press. стр. 119–120. ISBN 978-0-19-532878-3.
- ↑ 3,0 3,1 The Imperial Roman Army