Градокорнач (или железен пајак)[1] — справа за мачење[2] најчесто користена на жени што извршиле прељуба, или предизвикале абортус.[3][4] Справата била осмислена да ги искорне градите на жена и била изработена од железо, и најчесто се загревала. Справата најчесто била употребувана во 1599 г. во Баварија, држава во денешна Германија, и во делови од Франција и Германија сè до почетокот на XIX век.[1]

Градокорнач од XV век во музејот на измачувањата, Фрајбург, Баден-Виртемберг, Германија.

Историја

уреди

Градокорначот за првпат се користел во Баварија, Германија, во 1599 г. сè до почетокот на XIX век, справата се користела во Германија и Франција, пред децата на престапничката.[1][5] Се користел на жени за најразлични причини како што се предизвикување абортус, прељуба, кривоверство, богохулство, оние што биле обвинети за вештерки, и за други видови злосторство.[1][5] Исто така се користел за испрашување.[4][6]

Опис

уреди

Градокорначот често бил загреван за време на мачењето и се состоел од четири канџи „канџи“, кои се користеле за постепено искорнување на градите на жени кои извршиле најразлични криминални дела.[1][4] Справата се поставувала на едната града на жената. Крвта понекогаш била намерно прскана на децата на жртвата.[1] Биле осмислени да ја раскинат или скинат градата на жртвата. Доколку жената не починела истата останувала осакатена за цел живот.[3][6][7]

Пајак

уреди

Пајак, исто така познат и под името железен пајак, била справа за мачење слична на градокорначот. Железниот пајак се прикачувал на ѕидот, и градите на жените се сместувале во канџите на справата. Жената се влечела од ѕидот при што градите останувале во канџите на справата.[3] Поинаков вид на градокорнач содржел шилести шипки прицврстени на кусо растојание од ѕидот. Жртвата ќе биде влечена по шипките сè додека не и биле искорнати градите на жртвата.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Torture: Breast Ripper (Iron Spider)“. Violently Happy. Посетено на 7 December 2012. Archived end of October, 2009.
  2. Monge, Joseph A., II (1990). Victims and Values: A History and a Theory of Suffering. New York: Greenwood Press. стр. 9–. ISBN 978-0-275-93690-7. Посетено на 7 December 2012. На |first2= му недостасува |last2= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Breast Ripper“. Medieval Times and Castles. 2008. Посетено на 7 December 2012.
  4. 4,0 4,1 4,2 Luis Munoz (8 November 2012). Birth, Criminal History and Judgment of the Roman C. Church. Balboa Press. стр. 204–. ISBN 978-1-4525-6059-5. |access-date= бара |url= (help)
  5. 5,0 5,1 „Inquisition Torture Techniques“. AllSands. Архивирано од изворникот на 2014-11-13. Посетено на 7 December 2012.
  6. 6,0 6,1 Diehl, Daniel; Donnelly, Mark P. (2008). The Big Book of Pain: Torture & Punishment Through History. Stroud: History Press. стр. 134–. ISBN 978-0-7509-4583-7. Посетено на 7 December 2012.[мртва врска]
  7. „Worst Medieval Torture Devices & Methods“. TopTenz. Посетено на 7 December 2012.
  8. Frater, J. (20 July 2009). „Gruesome Medieval Torture Devices“. Посетено на 7 December 2012.