Градиште (Лесново)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Карта

Местоположба 42°00′50″N 22°13′48″E / 42.01389° СГШ; 22.23000° ИГД / 42.01389; 22.23000
Основни податоци
Место Лесново
Општина Пробиштип
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеградиште од доцноантичко време. Во планинскиот предел Коњарево, оддалечен 4 километри северно од селото Лесново, на еден зарамнет простор се наоѓаат остатоци од утврдување со приближни димензии од 110 на 100 метри. Всушност, зачувани се темелите од бедемот чија дебелина изнесува 1,5 метри, кои се градени од кршен камен и варов малтер. Во внатрешниот простор на градиштето се забележуваат остатоци од повеќе објекти, а на површината има голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Најдени се и повеќе бронзени монети, од кои неколку се чуваат во штипскиот музеј.[1]

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069