Градиште (Град)

археолошко наоѓалиште во Град, Македонија
Градиште

Поглед на тврдината од селото Град

Карта

Местоположба 41°55′24″N 22°50′37″E / 41.92333° СГШ; 22.84361° ИГД / 41.92333; 22.84361
Основни податоци
Место Град
Општина Делчево
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеградиште уште од времето на енолитот, сместена на рид над селото Град, во источниот дел на Македонија. Со археолошките истражувања од 2001 година, „Градиште“ бил датиран како доцноантичкиот град Армонија.[1]

Денес, тврдината издигнувајќи се над селото Град претставува туристичко одредиште и буди љубопитност кај посетителите.

Истражувања

уреди
 
Аскос за вода од IV милениум п.н.е.

Постари истражувања во атарот на селото била откриена голема тава со грчки монети од градот Хистие (Евбеја) од IV и III век п.н.е., со што се докажува дека имало населба и во хеленистичкиот период. Истата населба продолжила да постои и за време на римскиот период.[1]

На самиот рид се пронајдени голем број на монети од римскиот период и рановизантиско време. Пронајдени се камени садови и керамика од сите периоди. Откопани се и голем број на питоси.[1]

Во 2001 година, археолозите пронашле фигура од метал на женско божество — мајка со жртвеник, која потекнува од пред околу 5.500 години. При истите истражувања ископана е енолитска куќа, во состојба каква што била во тоа време. Во неа имало огниште со четири керамички садови. На тоа подрачје се откриени и брозенодобски населби. Во текот на истата година, наоѓалиштето било датирано како доцноантички град Армонија.[1]

Според наодите, наоѓалиштето било добро утврдена тврдина, со акропола на врвот на ридот и со кула за набљудување на околината и одбрана од напади.[1]

Досега во Град не е пронајдена ранохристијанска црква, иако преданието говори дека во селото имало повеќе цркви.[1]

Во средниот век имало развиен црковен живот, за што сведочат бронзените крстови пронајдени во 2001 година.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 48-49. Посетено на 7 јули 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди