Цари Врв

врв на планината Славјанка (Али Ботуш) помеѓу Пиринска и Егејска Македонија
(Пренасочено од Голем Царев Врв)

Цари Врв (бугарски: Цари връх), наречен и Царев Врв (Царев връх), Голем Царев Врв (Голям Царев връх) или Алиботуш — врв на планината Славјанка (Али Ботуш) во јужна Пиринска Македонија. Висок е 2.183 м.

Цари Врв
Цари връх
Поглед на Цари Врв
Највисока точка
Надм. вис.2.183 м
Координати41°23′58″N 23°38′25″E / 41.3995° СГШ; 23.6404° ИГД / 41.3995; 23.6404
Друго имеЦари връх
Географија
Цари Врв на карта

Карта

МестоОпштина Свети Врач/Општина Хаџидимово, Пиринска Македонија
Матичен венецСлавјанка
Карта

Се издига на највисокиот од второстепените ридови на планината, северно од главното планинско било и на североисток од првенецот Гоцев Врв. Има куполест облик со стрмни и лавиноопасни западни и источни падини. Врвот е сочинет од мермери. Покриен е со тенка кафеава шумска почва. Во ниските делови е обраснат со шуми од муника, а над 2.000 м.н.в. со високопланинска тревна растителност. Се наоѓа во рамките на резерватот „Али Ботуш“.

Искачување

уреди

Главни приоди за искачување на врвот се планинарските домови „Славјанка“ (над с. Парил) и „Извора“ (над с. Петрово).[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 215. ISBN 954-90006-1-3.