Големокорапско Езеро

(Пренасочено од Големо Корапско Езеро)


Големо Корабското Езеро е природно ледничко езеро на планината Кораб, под самиот врв Голем Кораб[1], во Македонија. Поточно, тоа се наоѓа непосредно на источното подножје под врвот Голем Кораб во најнепосредна  близина  на  водоразделот помеѓу  реката  Радика  и  реката  Прој  Радомирс  во  Албанија[1]. Сместено на најголема надморска височина 2,470 м[1], со што тоа е и највисокото езеро и водна површина во Македонија. Зафаќа површина од 800 м2 и има длабочина  од само 20 см[1]. Неговата длабочина на пролет при висок водостој изнесува 15‐20 см[1]. Езерото се храни со вода од врнежите и топење на снежниците[1]. На североисточниот крај езерото има истека од која потекува главниот изворишен речен ракавец на Длабока Река. Именувањето на езерото како Големокорапско е според неговата местоположба во непосредната близина на врвот Голем Кораб, а не поради одликите на големината, според што тоа е помало од блиското Малокорапско Езеро.

Големо Корапско Езеро
Површина 800 м2
Длабочина 20 см м
Надморска висина 2.470 м
Планина Кораб

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 9 октомври 2019.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)