Кепи Бард

Планински врв на Кораб
Кепи Бард (Бело Капче)

Поглед на Кепи Бард од Голем Кораб
Висина &100000000000025890000002.589 м
Место Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Кепи Бард (познат и како Бело Капче[1]) — врв во северниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.589 метри[1].

Местоположба

уреди

Се наоѓа во северниот дел на планината на главниот срт, во близината на границата меѓу Македонија и Албанија, односно на нејзината гранична линија. Според местоположбата на врвот Кепи Бард се наоѓа на координатите 41°47'15" северна географска широчина и 20°34'35" источна географска должина[1], западно од селaта Нистрово[2] и Жужње над караулата „Победа“ и долината Беланџа во најгорниот дел на долината на Радика. Поточно, Кепи Бард е сместен непосредно помеѓу највисокиот врв Голем Кораб (2764 м) со кој е поврзан со превојот Драганов Премин на запад и врвот Црна Чука (2572 м.) на север, додека на југ веднаш под неговото подножје се простира пространата висорамнина Кобилино Поле, а на исток е непосредно поврзан со Нистровски Кораб над долот Беланџа во најгорниот дел на долината на Радика. Се одликува со доста впечатлив грамаден изглед со изразито бели карпести падини на кои има изразито бели карпести блокови и сипари (камењари) со раздробени бели камења при што особено се истакнува со нивната белина, погледнат од сите страни, а посебно Голем Кораб на запад. Токму заради изразитите и впечатливи бели грамадни карпи, најверојатно врвот го добил името Кепи Бард што на албански значи Бело Капче/Капа[1]. До врвот Кепи Бард може да се пристапи и искачи почнувајќи по добро обележаната планинарска патека која започнува од караулата „Победа“ и води до највисокиот врв Голем Кораб, по која се одвива традиционалното искачување, при што во пределот Нистровски Кораб непосредно пред скршнувањето лево на Кобилино Поле се доаѓа до подножјето на Кепи Бард од каде што може директно да се пристапи кон врвот, а одејќи по самата патека која го обиколува Кепи Бард може да се пристапи и од југ и од запад од страната на Големокорапско Езеро. На некои топографски карти под името Кепи Бард е обележан врвот Малокорапска Стена веднаш до Мал Кораб.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 9 октомври 2019.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Петрушевски, Илија (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Тетово: Хартија Комерц. стр. 13.