Збошка Река
река во Македонија
(Пренасочено од Голема Река (Караорманска))
Збошка Река — река во Струшко, југозападна Македонија.
Збошка Река | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Струга |
Села | ’Ржаново, Збажди |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Караорман |
Устие | |
• место | Црн Дрим |
Особености на сливот | |
Течение | Црн Дрим → Јадранско Море |
Извира во северниот дел на планината Караорман. Минува низ раселеното село ’Ржаново. Во изворишниот дел го носи името Јаз, во средниот тек се нарекува Ума или Умска Река, а во долниот тек Голема Река[1]. Се влева во тесен залив на езерото Глобочица, 2 км североисточно од истоименото село.
Наводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 31. ISBN 978-9989-2117-6-8.