Говедарци (бугарски: Говедарци) ― село сместено во општина Самоков, Област Софија и скијалиште на планината Рила во Бугарија. Се наоѓа на 26 километри од Боровец и 80 километри од Софија. Во областа тече реката Црн (Черни) Искар, а селото се наоѓа во близина на Јончевското Езеро.

Улица и куќи на Говедарци.
Манастирот „Св. Троица“.

Географија

уреди

Селото се наоѓа во предпарковната зона на Националниот парк Рила, покрај реката Црн Искар. Сместено во Говедарската котлина на 1157 надморска височина, има умереноконтинентална клима со минимална јануарска температура од -33,6 °C и максимална +30,3 °C во јули. Снег има во просек 160 дена годишно, а во зима снежната покривка е над 120 см.

Најпристапен пат до селото е од Самоков (13 км) преку селото Маџаре (1 км) асфалтен пат, но се стигнува и од Сапарева Бања преку одморалиштето Паничиште по земјен пат со теренско возило.

Население

уреди

Бројот на населението според пописите низ годините:[1][2]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19342.256—    
19462.397+6.2%
19562.408+0.5%
19652.224−7.6%
19752.177−2.1%
19852.069−5.0%
19921.873−9.5%
20011.638−12.5%
20111.308−20.1%
20191.114−14.8%

Наводи

уреди
  1. „НСИ Преброяване на населението 2011 г.“ (бугарски). nsi.bg. Посетено на 8 јануари 2022.
  2. „Bulgarian cities population“ (бугарски). mashke.org. Посетено на 8 јануари 2022.

Надворешни врски

уреди

42°15′46″N 23°28′41″E / 42.26278° СГШ; 23.47806° ИГД / 42.26278; 23.47806