ДСУ Гимназија „Славчо Стојменски“ - Штип
„Славчо Стојменски“ — средно училиште во Штип.
Славчо Стојменски | |
Место | |
Општина: | Штип |
Место: | Штип |
Адреса: | ул. Васил Главинов |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | slavcostojmenskist.schools.edu.mk |
Основање и развој
уредиУчилиштето е основано на 28.09.1954 година. Денес има вкупно 820 ученици и 26 паралелки.
СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ - Штип се наоѓа во централниот дел на град Штип, сместено од левата страна на реката Отиња, притока на реката Брегалница која минува покрај градот Штип и го одредува индустрискиот дел на градот од централното подрачје.
На западната страна од Гимназијата се наоѓаат убавата зграда на собранието на општината Штип. Источно во непосредна близина се сместени: Основното училиште „Ванчо Прке“, текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“ и градската библиотека „Гоце Делчев“.
Северно од училиштето, спротивно на десниот брег на реката Отиња, се наоѓаат: познатиот хотел „Оаза“, работничкиот универзитет „Ванчо Прке“, домот на културата „Ацо Шопов“ и домот на АРМ (во истата зграда), пред кои во убаво пошумено зеленило се наоѓа алеата на народните херои - Славчо Стојменски, Ванчо Прке и Михајло Апостолски.
Погледот на западниот дел на училиштето целосно е свртен кон историската тврдина наречена Исар.
Учество на натпревари
уредиОсвоени награди
уредиПознати личности кои учеле во ова училиште
уреди- Родна Бурева (23 февруари 1903 - 6 ноември 1977) - првата македонска оперска пејачка;
- Борислав Крмов
Познати личности кои предавале во ова училиште
уредиНадворешни врски
уреди- http://slavcostojmenskist.schools.edu.mk[мртва врска] Мрежно место на училиштето
- http://sstojmenskist.schools.edu.mk Архивирано на 14 април 2009 г. Алтернативно мрежно место на училиштето
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука