Германија на Евровизија 1958
Германија била претставувана од Маргот Хиелшер со песната "Музика за два гроша" на конкурсот за песна на Евровизија во 1958 година, што се одржал на 12 март во Хилверсум, Холандија. Песната била избрана на германскиот национален натпревар кој се одржал на 20 јануари. Ова бил втор последователен настап на Евровизија за Хиелшер за Германија.
На Евровизија
уредиНоќта на финалето Хиелшер настапила осма во ред, по Белгија и пред Австрија . Перформансот на Хиелшер во 1957 година, кога таа пеела во телефонски приемник, се смета за прв перформанс што воведува елемент на визуелна изведба во Евровизија, а таа истото тоа го прави и во 1958 година, појавувајќи се на сцената облечена во тијара и појас. На крајот од гласањето "Музика за два гроша" добила 5 бода и со тоа Германија завршила на седмото место од вкупно десет учесници. Германското жири 5 од можни 10 бода ги доделила на Белгија.[1]
Гласање
уредиСекоја држава имала жири составено од десет луѓе. Секој член на жирито требало да даде по еден бод на неговата или нејзината омилена песна.
Поврзано
уреди- ↑ „ESC History - Germany 1958“. Архивирано од изворникот на 2021-01-17. Посетено на 2019-05-11.