Гери Мекдоналд
Гери Мекдоналд (роден на 10 април 1982 во Ирвин) — шкотски професионален фудбалер кој моментално игра за Моркамб.
Гери Мекдоналд | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 јануари 1987 | ||
Роден во | Ирвин, Шкотска | ||
Висина | м | 1,64||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Морекамб | ||
Број | 18 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001-2006 | Килмарнок | 106 | (11) |
2006–2008 | Олдам | 78 | (11) |
2008–2010 | Абердин | 52 | (8) |
2010-2011 | Хамилтон | 25 | (0) |
2011- | Морекамб | 46 | (4) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Кариера
уредиМекдоналд ја започнал својата кариера во тимот на Килмарнок, за кој го направил своето деби во сезоната 2001-02.
Во јули 2006 година, Мекдоналд станува првото засилување на новиот менаџер на Олдам Џон Шеридан. На 5 јануари 2008 година, Мекдоналд постигна фантастичен гол од 23 метри растојание со кој го испрати во аут премиерлигашот Евертон во третиот круг на ФА Купот,[1] откако Олдам победи со 1-0. Во интервјуто за по натпреварот, Мекдоналд го опишанал својот погодок како негов најдобар во неговата кариера.
Кон крајот на април 2008 година, Мекдоналд потпишал пред-договор со Абердин за враќање во Шкотска во текот на летото.[2] Во својата прва сезона во Абердин тој одигра одлично постигнувајќи пет погодоци во 28 нтпревари. На 18 јануари 2009 година, токму тој го отвори резултатот во 24 минута најавуваќи ја победата на својот тим над еден од двата гиганта во шкотската лига, тимот на Селтик што им донесе голема радост на навивачите на тимот од северот. Абердин победи на тој натпревар со 4-2, а тоа воедно беше прва нивна победа над Селтик на домашен терен уште од 2001 година (не сметајќи ги куп натпреварите).
МекДоналд одигра уште една сезона во Абердин во која одново беше стандарден првотимец, а по завршувањето на неговиот договор, тој одлучи да потпише за друг тим од ШПЛ, Хамилтон на 4 август 2010.[3] Оваа сезона била најлошата во кариерата на Мекдоналд, тој претрпе дури и испаѓање со својот тим од Премиер лигата, па со надеж дека што побрзо ќе ја заборави претходната сезона заминува во нов клуб.
На 23 јуни 2011 Мекдоналд се преселил по на југ каде потпишува за Моркамб.[4] Тој го прави своето деби за Морекамб на 6 август 2011 кога влегува од клупата за резервни играчи во 72 минута на местото на Ендрју Флеминг, но неговиот тим губи дома од Барнет со 1-0. Првиот гол на Мекдоналд дојде на 25 октомври 2011 кога тој го доведе својот тим во водство по само три минути игра, во ремито 3-3 против Ротерам. Тој играше редовно во текот на целата сезона и беше еден од најстандарните играчи во тимот, постигна 3 гола но и имаше многу голем придонес на средината на теренот за тимот со неговите асистенции и изградени акции. Сепак, Морекамб и покрај добриот старт заврши на разочарувачкото 15 место на крајот од сезоната.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Фил Мекнолти Евертон 0–1 Олдам, „BBC Sport“, 5 јануари 2008, проверено на 5 јануари 2008
- ↑ „Абердин потпишува со средниот играч на Олдам“. „BBC Sport“. 30 април 2008. Посетено на 30 април 2008.
- ↑ „Хамилтон потпишува со средниот играч Гери Мекдоналд“. „BBC Sport“. 4 август 2010. Посетено на 4 август 2010.
- ↑ „Морекамб потпишува со Гери Мекдоналд и Луис Алесандра“. „BBC Sport“. 24 јуни 2011. Посетено на 24 јуни 2011.