Герасим Божиновски
Герасим Божиновски ( 1924 во Гостиварско — 1945 во Дебреште (Тетовско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се доселил во Скопје. Работел како општ работник. Во Скопје се поврзал со организираното движење против окупаторот. Извесно време работел и во Тетово. Собирал материјална помош, а особено санитарен материјал за партизаните. Одржувал тесни контакти со активисти и илегалци од Тетово, кои партиски работеле во Скопје. Во 1944 година заминал во партизани, во Македонски Брод. Дејствувал во разни краишта на Западна Македонија. Последната должност ја обавувал во една бригада на КНОЈ, во Осмата дивизија. Загинал на службена должност во 1945 година, во селото Дебреште, Тетовско.